(Фото галерија) Одбележување на Богојавление – Водици низ прилепските населени места

Големиот празник Богојавление – Водици денес традиционално беше одбележан со чинот на положување на светиот крст во водите на реките и базените во Прилеп и населените места.

Утрово во црквата Св. Благовештение во Прилеп после традиционалното пуштање на гулабите во 07:00 часот и свечената божествена литургија која што се одржа, во 09:30 часот беше симболично одржано фрлањето на крстот во дворот на црквата во постоечката фонтана.

Најсреќен од пријавените скокачи, кои што беа 12 на број (сите деца под 17 години) беше 13 годишниот Марко Ристески, кој што како што самиот истакна прв пат се пријавил и беше среќен затоа што му се исполнила желбата.

Освен во Прилеп чинот на положување на светиот крст во водите беше извршен и во петнаесетина населени места на територијата на општина Прилеп: Селце, Витолиште, Бешиште, Ново Лагово, Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Полчиште, Галичани, Чепигово, Подмол, Тополчани и Штавица.

Прилепчани уште еднаш покажаа дека остануваат достојни на традицијата, а ладните води не ги поколебаа да скокнат во осветените води.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.