Младите кошаркари на КК “МЕГА БАСКЕТ” Прилеп вечерва играа феноменално. Се докажа дека Прилеп има потенцијал и добра стратегија на кошаркарските ентузијасти од управата. Пред својата верна публика, младите кошаркари триумфираа над своите врсници од битолски Пелистер со високи 81:63.
Ова треба да е поттик за прилепските стопанственици да бидат општествено одговорни и да го помогнат клубот, кој макотрпно прави се’ за враќање на кошарката на пиедесталот во Прилеп.
Оваа победа на младите кошаркари нека биде поттик за утре (недела, 14.12.) да ги поддржиме и сениорите, кои со почеток од 19:00часот во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, го пречекуваат Тетекс.




























