Прилепската Гимназија „Мирче Ацев“ и оваа година по шести пат, синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ го организираше големиот музички фестивал Гимфест 2016.
[Best_Wordpress_Gallery id=”221″ gal_title=”GIMFEST2016″]
Гимфест е средношколски музички фестивал, единствен од ваков тип во Република Македонија каде преку натпреварувачки карактер, се презентираат најдобрите музички способности на средношколците.
Оваа година специјален гостин беше познатата македонската група „Љубојна“.
Фестивалот е од хуманитарен карактер, а приходот кој е собран од влезниците ќе се донира за 3 – годишното дете Немања Петрески од Прилеп кој боледува од еквиноварус (вроден деформитет на двете нозе).
Имено фестивалот е посетен со повеќе од 800 посетители и голем број на видни гости.