Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска одржаа прес-конференција на која информираа за акцијата “Новогодишна кошница“ која што започна вчера, 15. декември и ќе трае до 15. јануари 2025год.
“Како што информиравме и како што беше најавено, вчера започна акцијата „Новогодишна кошница“ која што ја најавивме уште на почетокот на есента. Задоволство ми е да кажам дека бројот на производи во “Новогодишната кошница“ континирано расте и заклучно денешниот ден достигна 1036 производи. Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, а производите од вчера се достапни за граѓаните во 38 ланци на маркети. Оваа акција е направена на иницијатива на бизнис секторот, каде тие понудија производите кои сe понудени по пониски цени за граѓаните од најмалку 10 проценти и ќе таре од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година. Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови. Сите производи кои се опфатени со акцијата се обележани на рафтовите на маркетите со ознаката „Се грижиме! Помалку трошоци, повеќе за тебе“ истакна министерот Дурмиши.
Како што појасни министерот иако вчера за голем дел од маркетите низ државата беше неработен ден, односно работеа маркетите само во трговските центри и во туристичките места, производите на рафтовите беа обележани како што тоа го забележа Државниот пазарен инспекторат. Сите информации за акцијата, листата на производи и компаниите кои се дел од кошницата (производители, дистрибутери, маркети…) се објавуваат на интернет страната www.mojakosnica.mk. Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на [email protected].
Заменик министерот Ристески пак на својот ФБ профил објави фотографии од намалените цени во дел од маркетите, каде се гледаат старите и новите намалени цени на продуктите.
-Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови.Сите производи кои се опфатени со акцијата се обележани на рафтовите на маркетите со ознаката „Се грижиме! Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, а производите од денес се достапни за граѓаните во 38 ланци на маркети – стои во објавата од Ристекси.
Од фотографиите се гледа дека дел од продуктите се со намалување и до 40-50 денари.
Намалување има кај лебот, сувомеснатите производи, млекото и млечните производи, овошјето, зеленчукот….