(Фото галерија) Масовно yништyвање на шумата кај Шаторов камен – Власта спие или се прави дека “дреми”?

Наши читатели ни испратија фотографии од месноста Шаторов камен на Селечка планина

“Шаторов камен Прилеп, масовно уништување на природата, се сечат борови неконтролирано”, се вели во дописот до нашата редакција.

“Дали некој од надлежните планира да преземи нешто, или ќе се прават слепи и понатаму. Сигурно знаат што се случува бидејќи веќе долг период таму се изведуваат градежни работи за спроведување на гасоводот, па невозможно е досега никој да нема забележано”, стои во дописот.

“Со уништување на природата само побрзо ќе се уништиме себе си како народ, ова нема да донесе на никого ништо добро. И луѓето кои купуваат борина треба да знаат дека со самото купување се соучесници на ова масовно уништување. Она малку зеленило што го гледате недалеку од градот ќе исчезне и ќе исчезне од делата на несовесни луѓе. Таквите уништувачи да се фатат и најстрого да бидат казнети. За крај бидете љубезни со дрвата, тие се зафатени спасувајќи го светот”, стои во дописот во кој се повикуваат полициjaта, Македонски шуми, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и општина Прилеп да реагираат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.