„Порта Македонија“ продолжува да биде симбол кој ги обединува македонските спортски успеси. По примерот на кошаркарите и ракометарите, денеска и младите фудбалери историскиот успех и пласманот на ЕП во Полска го одбележаа со минување низ „Порта Македонија“.
Македонските фудбалски јунаци ја сплотија целокупната македонска јавност. По големиот успех остварен вчера, кој претставува историски за Македонија со пласман на едно Европско првенство, младите македонски фудбалери денеска поминаа низ портата која значи симбол за успесите на сите наши спортски селекции.
Сепак, за разлика од кошаркарите и ракометарите, кога сите заедно под преубавата „Порта Македонија“ се радувавме на 4-тото место во Литванија, односно 5-тото место на ЕП во ракомет во Србија, сликата која денеска може да се види од „Порта Македонија“ претставува понижување за нашите спортски херои, откако истата беше нагрдена, демолирана и вандализирана од хулиганите на СДСМ/Сорос при неколкумесечните протести на опозицијата.
Уништената, исчкртана и осквернавена „Порта Македонија“ од вандалите на СДСМ/Сорос сепак ќе продолжи да биде симбол на спортските успеси на нашите спортисти, а ние се надеваме дека Македонија гордо ќе ги дочека овие наши спортски херои со голем успех и добар пласман на ЕП во Полска кое се одржува следната година.