(Фото галерија) Кина низ очите на Марија Дулеска од Прилеп – Репортажа за патување кое ќе сакате да го доживеете

Пишува: Марија Дулеска – Доктор на науки по англиски јазик

Една од причините за посета на КИНА е желбата да видам друга цивилизација и сосема поинаков начин на живеење, да се сретнам со друга култура и со други вредности, обичаи и традиции. И има премногу што да се види и доживее, и уште премногу што останува невидено и неоткриено.

Стара, засебна цивилизација која држи до себе, по принципи, правила, должности. Има ред, поредок и дисциплина. Се почитува и цени напорната посветена работа, нема кражби и нема расфрлање на отпад. Целиот возен парк е нов. Животот се одвива во стокатници без тераси, и станот можеш да го изјамиш од државата на користење од 70 години, а не можеш да го купиш. Ако зградата е стара и ја сметаат за стара, ја уриваат и градат нова.

Сите три посетени града имаат огормен број на исти изградени стокатници. Се патуваше со ултра брзи возови кои движат со 350 км на час на огромни растојанија меѓу трите града. Инфраструктурата е доста солидна.

Посебно ме интересираше образованието. По однос на фактот што индекс на квалитет е Шангајската листа, лично како сопствник на училиштето “Англиски кај Марија” сакав да видам каков е образовниот систем таму, да се видат силните страни и да се воведат одредени новитети и промени, заради уште поголем квалитет во наставата.

Учениците се на училиште во Кина секој работен ден до 22 часот. Одат дома по завршување на часовите. На одреден датум од државата сите ученици полагаат завршен испит по определени критериуми. Оние ученици кои ќе го положат тој испит продолжуваат понатаму. Оние кои нема да го положат, се праќале во технички училишта, или почнуваат да работат на различни работни позиции.

Во Кина се цени традицијата. На улица своеволно можеш да сретнеш млади машки и женски личности облечени во стара традиционална кинеска облека. Обичниот граѓанин треба да знае 3000 симболи. Во симболот на кинеската азбука стои буквата комбинирана со симбол на гласот, односно интонацијата како се изговара таа буква комбинирана со друга буква да се состави збор. Поедуцираните Кинези препознаваат и користат 6000 букви (симболи) на кинеската азбука, а само мал број и над 6000.

Во Кина се забранети апликациите на социјалните мрежи – нема Facebook, Twitter, Instagram, имаат меѓусебна своја апликација, којашто ја користат за комуникација – WE CHAT.

Англиски јазик, или било кој друг светски и европски јазик не учат, па имав проблем при комуникација, заради тоа што требаше да се разбираме со пантомима и гестови.

За влез на плоштад се користи пасош, за влез во Забранетиот град се користи скенирање на лице, валутата е ЈУАН. За излез од државата треба да се побара виза од државата од кадешто живееш дека ти е дозволено да патуваш. Ако не добиеш виза од матичната земја за излез, нема да излезеш.

Шеќер и сол не се користат при исхрана, се јадат растенија, готвени корења, зеленчуци, карамелиизрано месо. Чоколадо едвај и најдов. Млечни производи нема. Има млеко од соја и ориз. Има ориз, зеленчуци секакви, кои не ги ни препознаваш, ракчиња… Специјалитет е кинсеката пајка, месото го готват во карамел сос.

Возниот парк се утврдува врз основа на бројот и буквите на регистарските таблички, се вози соодветно според прописи, над секој семафор има фотоапарати и постојано се слика. Електронските коли се обележани со зелени таблици, а останатите со сини таблици.

Политички избори нема. Власта се предавала на одредени високи кругови од претходните династии. Владее ред поредок, почит и дисциплина во сите свери.

Од сите три посетени града, најпосебен е Шангај, со сета своја грандиозност, бои, високи згради и модерен начин на живеење. Со технологија Кинезите се напред, во хотелите има роботи што носат нарачки по собите и се е добор и севкупно солидно организирано. Роботот си чека лифт, си влегува, си излегува, си движи слободно.

Посебна атракција нормално и едно од седумте светски чуда е Кинескиот ѕид. Многу специфично граден, скалилата се тешки за качување, не само заради кондиција, туку заради самите скали – три реда високи, два пониски, ред висок, три реда ниски, туку и тежината на слегување.

Слегувањето е поопасно од качувањето и посебно треба да се внимава. Дру свет, друга димензија. Цените се пристапни и не е прескапо. Убавата жена од Кина има мали стапала, кои посебно ги врзувале да не и растат и користат посебни креми со висок заштитен фактор, за да останат колку можат повеќе бели.

Многу Кинези се движат со велосипеди низ градот, а се користат и трицикли како затворени покриени мотори.

Дрвата не ги сечат, туку комплено ги откорнуваат сосе корен и ги пресадуваат. Имаше дрва стари и по стотици години, бележани со податоци запишани на картички.

Се пие многу чај без шеќер, во лето зелен чај, во зима црн чај.

Просечната страосна граница е 70 год.

Една главна мисла на Кинезите е секој ЈИНГ да си го најде својот ЈАНГ.

Посебно ја имаат разработено техниката на производство на свила од гасеници и производство на бисери од школки. Значи скоро од навидум ништото прават нешто и тоа доста вредно ценето и скапо.

И ние на Кинезите им бевме чудни по изглед, постојано не’ фотографираа и сакаа да дознаат кои сме и од каде сме. За Македонија немаа слушнато, но ако ја спомневме Србија, или поранешна Југославија, веднаш знаеја од кој дел на светот сме.

Посетивме пазар со над 10.000 продавници во Шангај, кадешто не можеш да излезеш, а да не купиш нешто. Има се’, a ценкањето за цена е составен дел на нивната работа.

Почит кон историјата, традицијата, културата, уметноста, строгите правила, добрата инфраструктура, напредната технологија, духовноста, вербата во енергијата на духот и задгробниот живот, негување на своите вредности, спиритуалноста, црвената боја за среќа… е дел од она што може да се нарече ИСТОК.

Патувањето е во организација на “Атлантик Турс” Кавадарци, во соработка со нашата Т.А “Дама Травел” на Давор Карески.

Моја посебна почит и благодарност!

Кина 2025 – Пекинг, Ши-Ан, Шангај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.