Со натчовечки напори на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, засилена со волонтери и вработени во општинските јавни претпријатија и „Македонски шуми“, како и со помошта која стигна од противпожарните единици од Битола, Крушево и Кавадарци, пожарите кои во петокот избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола.
Патниот правец Прилеп-Посоман беше забранет за сообраќај во петокот попладнето до доцна во ноќта, а голем број граѓани останаа заглавени со часови.
Фотографиите најдобро покажуваат што остави пожарот за себе и колкава површина била опфатена.