(Фото галерија) Девет и пол часа, по температури и до -20, снег, магла, плус ноќе – Тројца прилепчани се искачија на покривот на Шар Планина

Tројца млади прилепчани на 10. март направија подвиг на кој ретко кој би се осудил. Својата екстремна љубов кон природата и природните убавини на Македонија, ја крунисаа со екстремна експедиција, а тоа е ноќно искачување на вториот највисок планински врв во нашата држава – Титов Врв.

По екстремно силен ветер кој достигнувал брзина и до 70км/ч, по снег, магла и температура која се спуштила и до -22 °С, Филип Илиоски, Даниел Кочоски и Иге Димитриески , 02:40часот после полноќ на 10.03. се искачија на 2.747метри надморска височина и ни пренесоа невидена убавина, која секој би поскал да ја почувствува.

Искачувањето траело 09часа и 30 минути, а на моменти им мрзнел инструментот за навигација (гарминот), што предизвикало неколку пати да се изгубат од трасата на искачување и да вртат во круг. Сепак на крајот успеале во намерата, а според фотографиите во продолжение ќе можете да видете колку овој нивни напор се исплател:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.