(Фото галерија) Во Битола вистински празник на боксот – Се одржа 30-то Државно првенство

Битола подготвена го пречека 30-то поединечно Државно првенство во бокс, при што домашната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ и македонската јавност имаше можност да ги види најдобрите боксери од цела Македонија во сите возрасни и тежински категории.

Ова беше празник на боксот каде ги добивме новите државни шампиони, а во исто време е возобновен големиот боксерски турнир „Битолски победник“.

Државното првенство во бокс е во организација на националната боксерска федерација, на чело со претседателот Кристијан Андреевски, а во партнерство со нашиот БК Пелистерски јунак и со поддршка на Општина Битола.

„Домаќините БК Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на општината Тони Коњановски и се надеваме дека и битолската публика уживаше во овој боксерски хепенинг, воедно и почеток на една голема традиција во името на Битолски победник.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека Битола како спортски град, но и како град на еден од најдобрите боксерски клубови во нашата држава го прифати предизвикот, а уште позначајно е што се возобнови традиционалниот турнир “Битолски победник”, кој своите почетоци ги имаше во 80-тите, а последен пат се организирал во далечната 1996 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.