(Фото галерија/Видео) Прилепчани триумфално на стартот, денеска игра и Црвена Ѕвезда – Отворен 10. Меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”

Со положување цвеќе пред спомен обележјето на ракометната легенда – Миле Нешкоски, пред Универзалната сала во Прилеп, започна 10-то јубилејно издание на Меѓународниот меморијален ракометен турнир, кој го носи името на прерано починатиот ракометен идол.

На настанот присуствуваа повеќе спортски и ракометни работници, поранешни и сегашни ракометари, неговото семејство како и градоначалникот на градот, Борче Јовчески.

Турнирот и оваа година се игра во школската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, а вчера беше отворен со два натпревари.

Во првиот домаќинот РК Прилеп го совлада Бутел со 33:28, а екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше подобра од Тинекс Пролет со резултат 27:16.

ВИДЕО: Давид Ристески

Денеска на програмата на турнирот се натпреварите помеѓу:

18:00 – Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Тиквеш




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.