(Фото галерија) Блеснаа празничните светилки во Битола – Програмата за “Зимската приказна” оваа година ќе биде нешто посебно

На 20 декември започнува празничниот фестивал „Зимска приказна“, кој оваа година ќе трае сѐ до 6 јануари – подолго од кога било досега. Но, магијата веќе започна!

Со свеченото палење на празничните светилки, Битола вечерва се претвори во вистинска зимска бајка. Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Офицерскиот дом и Старата чаршија блеснаа во празничен сјај, најавувајќи го духот на радоста и заедништвото што не очекува.

Општина Битола изразува огромна благодарност до сите тимови кои посветено работеа за да ја донесат оваа магија во нашиот град. Нивниот труд и креативност се срцето на блескавата „Зимска приказна“, која ќе биде незаборавно доживување за сите нас.

-Целосната програма ќе ја објавиме оваа недела – следете нѐ и бидете дел од празничната магија – велат од општина Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.