Битола викендов беше домаќин на спектакуларен Car Show, кој го собра најдоброто од автомобилската сцена од целиот регион! На паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“ блеснаа над 160 автомобили – од најнови модели до ретки олдтајмери кои го воодушевија секој љубител на четири тркала. Возачи и ентузијасти пристигнаа од Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора, како и од сите градови низ Македонија, носејќи со себе страст, стил и уникатни машини.
Публиката уживаше во динамична програма со музика, изненадувања и атрактивни содржини, а беа доделени и награди за највпечатливите автомобили во неколку категории. Настанот претставуваше вистинско уживање, го красеше одлична организација и многу позитивна енергија.
Oва е прв ваков настан во градот на конзулите, а организаторите од Car Club Битола, општина Битола и битолчани покажаа дека автомобилскиот дух живее со полна брзина – и дека Битола знае да приреди настан кој долго се памети!
ФОТО/Маја Груевска