Во пауза помеѓу два состанока со европските претставници и со тимот за унапредување на животната средина претседателот на Србија Александар Вучиќ објави фотографија со вработените во кујната на Претседателството на Србија.
Вучиќ им помага на готвачите и ужива, како што наведува, во мирисот на сармата која се крчка за понеделник.
– Им благодарам на прекрасните готвачки Јованка Петровиќ и на Гордана Ненадовиќ, како и на Шчепан Рељич, дека не им е тешко во сабота да работат и дека секогаш подготвуваат најдобра храна за вработените и за нашите гости, напиша Вучиќ.