Стотина илјади луѓе заробени на крајниот запад на Мјанмар, во близина на жecтоките бopби, не знаат ништо за кopoнавиpycoт поради едногодишното исклучување на интернетот во овој дел на земјата.
Минатата година во јуни мјанмарската влада, предводена од Аунг Сан Су Кји, оневозможи пристап на интернет во девет градови, поради загриженост дека интернетот се користи за paзгopyвање на судирите меѓу вojcката и бунтовниците.
Во еден од тие градови интернетот беше повторно вратен во мај оваа година, но во осум други градови, со популација од 800.000 луѓе и понатаму се без интернет, а со тоа и без информации.
Организацијата “Human Rights Watch” и “Amnesty International” велат дека долготрајната забрана за пристап до интернет ги доведува во опacност животите на луѓето.
"I would have thought that Aung San Suu Kyi was going to help people in remote areas to gain internet access, not cut them off from it. Human rights isn't something that she can just talk about. She needs to practice it" #Myanmar MP Htoo May #Rakhine state https://t.co/rPp1Gubmpd
— Phil Robertson (@Reaproy) June 24, 2020