Тешка несреќа преживеа приватниот авион на Кристијано Роналдо, кој се урна во текот на слетувањето на пистата на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона.
Според првите информации причина е дефект на тркалата, но добра вест е тоа што нема жртви, освен што пилотот е полесно повреден.
Ниту Роналдо, ниту членовите на неговото семејство не биле во авионот за време на несреќата. Имено, освен за приватни цели Роналдо го користи авионот и за изнајмување на компании, а во време на несреќата бил изнајмен. Информацијата ја објави шпанскиот весник „Спорт“.
Инаку, се работи за скапа играчка Голфстрим Г200, која чини 20 милиони евра.