Попладнево на улицата Борис Кидрич накај касарните во Прилеп, едно лице кое неофицијално било во алкохолизирана состојба, со своето возило неконтролирано излетало од улицата и завршило во една од куќите.
При сударот значително е оштетено возилото и куќата, а лицето се здобило со повреди.
Жителите видно вознемирени во голем број притрчаа да помогнат и да видат што се случи.
Полицијата врши увид на лице место.