Грда слика околу едно од најуспешните училишта во државата
ООУ “Гоце Делчев” од Прилеп во учебната година 2014/15 од страна на Државниот просветен инспекторат беше оценето како едно од најупешните училишта во Македонија, а денеска околу него владее депонија.
Фотографијата ни ја испратија наши читатели кои живеат во овој дел од градот, а на истата може да се виде дека околу училиштето има расфрлано најразличен отпад.
Со ваква слика залудни се напорите на наставниот кадар во училиштето, кои важат за едни од најпосветените и се најзаслужни што учениците постојано бележат врвни резултати на сите натпревари.
Да потсетиме, во ова училиште беше изградено тениско игралиште, мултинаменско игралиште, како и балон спортска сала, која за жал повеќе ја нема.