Победниците од прилепскиот карневал ,,ПРОЧКА 2025,, го претставувааа нашиот град и држава на Интернационалниот карневал во Лесковац, Р.Србија, кој се одржа на 11. и 12.07. Во конкуренција на учесници од голем број европски држави, учениците и наставниците од ООУ ,,Кочо Рацин,, – Рид блеснаа во најдобро светло.
Со својата магична изведба на дефилето на детски маски, ги оставија членовите на жири комисијата и сите присутни без здив.
А дека се претставија во најдобро светло, доказ е специјалната покана од организаторот и директор на карневалот, да останат и да учествуваат на главното дефиле на маски наредниот ден.
-Браво за сите кои придонесоа да се реализира оваа идеја, а најголема благодарност до родителите, кои во голем број присуствуваа на настанот и без чија помош овој спектакуларен проект беше невозможно да се реализира – велат од училиштето.
Посебна благодарност упатуваме до Општина Прилеп за можноста да го претставуваме ПРИЛЕПСКИОТ КАРНЕВАЛ,, ПРОЧКА,, и нашиот прекрасен град.