(ФОТО/ВИДЕО) Естрадниот пејач од Прилеп, Оливер Лозаноски, ги крена на нозе Македонците во Пустец

На 30. јули, традиционално секоја година, во манастирот Св. Марена, во близина на селото Туминец во Мала Преспа, Албанија, се одбележа големиот христијански празник Св. Марена, или кај народот познат како Света Огнена Марина (Марија).

Голем број Македонци од околните населени места, но и од Македонија, како и иселеници во странство, и оваа година беа присутни во манастирот и заедно заиграа македонско оро и запеаа македонска песна.

Оваа година за доброто расположение се погрижи естрадниот пејач од Прилеп, Оливер Лозаноски, кој приреди прекрасен помин за сите присутни.

Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се исселени тие за овој празник се тука.

Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините “гори небото и земјата, не се работи “ниту една работа”. Во народната традиција сочувани се примери на пожари или громови во во топлите празнични денови изгореле жито, сено и домовите на луѓето кои го прекршиле празникот и работеле на празникот на Свети Марина.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Погледнете дел од семакедонската прослава во манастирот:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.