(Фото/Видео) Добиени најдеталните фотографии од површината на Сонцето

Американскиот телескоп DKIST (Daniel K. Inouye Solar Telescope) на Хаваите, ги добил најподробните во моментов фотографии од површината на Сонцето, чиешто проучување ќе им помогне на астрономите да ги дешифрираат податоците кои сондата „Parker Solar Probe“ ги доби прелетувајќи низ атмосферата на ѕвездата, објави во средата американската Национална научна фондација (NSF).

На кадрите е прикажана „зовриена“ плазма којашто ја прекрива целата површина на нашата ѕвезда.

„Ова се слики со најголемата резолуција од површината на Сонцето во целата историја. Досега го гледавме само врвот на ледениот брег“, вели шефот на проектот DKIST, Томас Римеле.

Во неговата изјава се истакнува дека благодарение на новите податоци, истражувачите ќе имаат можност детално да ја истражат структурата на ѕвездата и нејзините активности, што особено влијаат врз воздушниот сообаќај, сателитските комуникации и електромрежите на Земјата. Според научниците, овие снимки ќе отворат нова ера во изучувањето на физиката на Сонцето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.