(Фото/Видео) Венчавка во разурнатиот Харков: Фотографии и видео кои допреа до целиот свет

Украински пар се венчал во метро во Харков, а склучениот брак одлучиле да го одбележат во воен амбиент, со рушевини околу нив.

Настја Грачева и Антон Соколов се фотографирале набрзо по венчавката, меѓу рушевините од трговскиот и деловен комплекс во вториот најголем град во Украина.

Снимката објавена на Твитер покажува како парот позира меѓу рушевините, а во описот се појаснува како изгледа венчавка во град под постојано гранатирање.

-Фотозоната во позадина на уништени згради и бомбардиран град, церемонија во метро. Ова е силна порака за светот – Харков се спротивставува и живеем стои во една од објавите.

Двајцата биле медицински лица пред да започне војната, а од тогаш се занимаваат со волонтерска работа пружајќи бесплатна медицинска помош и нега на оние на кои тоа им е потребно.

Настја работеле како медицинска сестра во онколошка клиника, додека Антон е лекар. Се наведува дека кога останале без медицински залихи, почнале да собираат пари и да купуваат лекови за жителите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.