Прилепската фамилија Сваќароски уште еднаш ја покажа својата хуманост и великодушност да се помогне онаму каде што најмногу треба.
Сваќароски реализираа хуманитарна акција за поддршка на гинеколошкото одделение при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност “Борка Талески” – Прилеп, при што на задоволство на здравствениот персонал, а со цел да се подобрат условите за мајките и новородените бебиња, денеска беа донирани два телевизори и бебешки подлоги за менување пелени.
-Ова е втората ваква акција годинава, по иницијативата за Велигденските празници, и со сигурност ќе продолжаме и понатаму. Помагањето не е обврска, туку чест. Секоја донација, колку и да е мала, значи многу за оние на кои им е најпотребна. Им благодариме на сите кои не поддржуваат и веруваат во нашата хуманитарна мисија. Заедно можеме повеќе! Ова е само почеток. Нема да застанеме тука. Со почит – ФАМИЛИЈА СВАЌАРОСКИ – напиша на ФБ Кире Сваќароски.
Нам ни останува да им честитаме за нивната хуманост и посветеност, и веруваме дека овој потег на Сваќароски ќе биде поттик и за други стопанственици и семејства во Прилеп да го направат истото.