(Фото) Вака ќе изгледа и прилепскиот затворен базен?

Власта никако да ја научи лекцијата да не kpaде фотографии од интернет за да ја манипулира и лаже македонската јавност, пишува Курир.

Овој пат фатени на дело се градоначалникот на Штип Благој Бочварски кој заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт се обидоа да ги изманипулиpaaт штипјани.

Имено тие најавија изградба на современ затворен базен за пливање, но со фотографија преземена од Американско интернационално училиште.

Ckaндалот да биде уште поголем Бочварски на Фејсбук пишува дека исклучително е задоволен од проектот кој е ykpaден, пишува порталот Курир.

-Исклучително сум задоволен затоа што како никогаш досега, градиме капитални проекти за граѓаните, а градот бележи вистински развој. Во Штип со засилена динамика се гради затворениот базен во Срц “Суитлак” ?‍♀️ #АМС #ВладаМК #Штип, напиша Бочварски.

Директорот на Агенцијата Дарко Каевски исто така се пофали со фотографијата за која јавноста увиде дека е ykpaдена како и за претходните срамни фотографии за проектот „Дома си е дома“, пишува порталот.

-Штип добива современ затворен пливачки базен! Модерен изглед согласно современи стандарди, адаптиран комплетно за потребите на учениците, рекреативците и спортистите. Вака ќе изгледа пливачкиот базен кој се гради во спортската зона Суитлак. ?, пишува Каевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.