Пред повеќе од 17 години, светот се запозна со Бритни Спирс, која набрзо стана најголемата поп-ѕвездата во светот. Оттогаш, нејзиниот бурен живот и промени во изгледот беа во фокусот на јавноста, но најновата фотосесија покажува дека Бритни изгледа подобро од кога било.
Имено, пејачката сними фотосесија за V magazine, чии фотографии ќе ја красат насловната страница на 100-то издание на ова списание.
Секси фотографиите се направени од реномираниот фотограф Марио Тестино.
Секоја од трите фотографии ќе се најде на насловната страница на магазинот, што ќе издаде три различни верзии на овој јубилеен 100-ти број.