Миливоје Ѓорѓевиќ бизнисмен од Феникс, со потекло од Ивањица за 45 милиони динари ја купил туристичката населба “Анџелија Мишиќ” во селото Коштуница, која во стечај падна пред повеќе од 10 години.
Фирмата е продадена со методот на спогодба со јавно собирање на понуди и нивно зголемување за време на постапката, а согласноста за продажба ја дал Одборот на доверители во Белград, во кој поголемиот дел го има претпријатието “Југоимпорт СДПР”.
Согласноста била неопходна, соопшти стечајниот управник Гордана Хаџиќ од Горни Милановац, затоа што понудите биле за 50% помали од проценетата вредност.
Ѓорѓевиќ ја купил и населбата “Прилички кисељак”, по цена од 4.1 милини динари, соопшти неговиот правен застапник Миодраг Алексиќ, адвокат од Чачак.