(Фото) Американец платил 800 евра сметка на грчки остров, а сега се огласи и сопственикот на ресторанот: Цените се точни, но…

Американскиот вojник Франциско Техада, познат како Сиско Рок, неодамна имал многу лошо искуство во еден ресторан на островот Миконос.

“Ова е cpамота! За шест порции лигњи ни наплатија 600 евра, а за шест локални лагер пива 150 евра”, напишал тој. За три Цезар салати им наплатиле 60 евра, две шишиња вода 17.80 евра, а чаша сок од портокал, како прилог на лигњите, 18 евра.

Неговата приказна се рашири ширум светот, а сега се огласи и сопственикот на ресторанот Димитрис Каламарас. Тој вели дека му е жал поради начинот на кој гостинот се изразувал, но исто така потврди дека цените се точни.

“Иако сметаме дека цените се во согласност на нивото на нашиот напор, грижа и квалитетот на храната која ја сервираме на една од најпосакуваните плажи во светот, можеме да го разбереме и незадоволството на гостинот. Сепак, да се рече дека сме “светска замка” не е во ред. Не само што цените се истакнати на табла пред влезот, како сите би можеле да ги видат, туку и во ресторанот им нудиме мени на гостите, па тие можат да прочитаат колкава е цената на храната и пијалоците”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.