Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, на неговиот личен фејсбук профил ги покани своите пријатели да ја проследат денешната пресконференција на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одржа прес конференција на која зборуваше за економијата во земјава за која рече дека тоне, сиромаштијата се зголемува, а стопанството трпи и оди во бездна и дека е потребно, како што рече, да се порази трулиот криминален систем на Зоран Заев.