Близначките Лара и Мара Бавар од Бразил имаат албинизам, состојба што е предизвикана поради неможност на организмот да го создава пигментот меланин и резултира со делумна или потполна депигментација на кожата, косата и ирисот на окото.
Двете 11-годишни девојчиња беа инспирација за фотографот Винициус Терановао кој живее и работи во Сао Паоло.
Тој го почна проектот Flores Raras (Ретки цвеќиња) со близначките, чија убавина според него е уникатна и прекрасна.
Неговите фотосесии со Лара и Мара и нивната сестра Шејла која нема албинизам го освоија модниот свет и тој се надева дека на овој начин ќе придонесе кон поинакво сфаќање на убавината и прифаќање на различностите.