(Фото) “Авто Контрол” пример за општествено одговорна компанија: Едукативни работилници во училиштата за безбедност на децата во сообраќајот

По иницијатива на компанијата “Авто Контрол” од Прилеп, а во соработка со ОВР-Прилеп и компанијата “Витаминка”, вчера започна реализацијата на едукативни предавања во основните училишта во Прилеп и соседните општини, а целта е децата уште од најрана возраст да се стекнат со знаења за основните сообраќајни правила и прописи.

Едукативните работилници се одвиваат во рамки на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, а целта е најмладите учесници во сообраќајот да се стекнат со знаења особено во делот на пешаците и велосипедистите. Преку овие едукативни работилници се очекува да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура.

Од компанијата “Автоконтрол” – станица за технички преглед од Прилеп, обезбедија и сообраќајни прирачници за просветните работници, со цел и понатаму да се збогатува нивното знаење и сообраќајна култура.

Со овие активноти од “Автоконтрол” уште еднаш покажаа дека се компанија со висока општествена одговорност, која постојано возвраќа за довербата која ја добива од граѓаните.

“Ние како општествено одговорна компанија се одлучивме за ваква едукативна акција бидејќи животот на нашите деца се највисока општествена одговорност и врвен приоритет на секој поединец. Истовремено сакаме да апелираме до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, бидејќи од нашите постапки зависи и однесувањето на нашите деца. Ние сме идоли на нашите деца, затоа секогаш во сообраќајот треба да се однесуваме одговорно, со почитување на сообраќајните правила и прописи”, вели Даниела Перканоска – менаџер на компанијата “Автоконтрол”.

Едукативните работилници се помогнати и од компанијата “Витаминка”, од каде за секој ученик обезбедија по еден од своите производи.

Од наша страна можеме само да кажеме пофалби за идејата и реализацијата на вакви едукативни работилници, затоа што се повеќе од потребни, особено во ова модерно време во кое живееме, кога улиците вријат од сообраќај, а сообраќајната култура на дел од учесниците во сообраќајот е на незавидно ниво.

Децата се ризична група во сообраќајот и од нас зависи нивната безбедност. Нивниот живот и здравје треба да бидат највисока општествена цел и врвен приоритет за секој поединец. Да ги научиме децата на правилно однесување и да бидиме нивниот позитивен пример. Тие треба да растат и да пораснат безбедно, а само преку вакви активности ќе се придонесе за тоа.

Секоја чест!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.