Објава на социјалните мрежи за случка во салон за убавина стана вирална во целиот регион. Иако не е познато каде точно се случило, сепак ова е нешто најубаво и напозитивно што ќе прочитате денеска.
За што се работи прочитајте во продолжение:
“Во салонот за убавина каде што работам, со претходно закажан третман, една многу симпатична возрасна жена, која не ја познавав до тогаш, за разлика од другите кои ја познаваа многу добро.
Откако и направија фризура, таа седна пред мене и ме замоли да и ги излакирам ноктите со безбоен лак. Си земав за право да ја прашам зошто одбра безбоен лак,таа ми одговори со срамежлива насмевка.
-Рацете ми се грозни, на мојата кожа остарена не би и прилегало некоја друга боја, би привлекло внимание и многу озборување.
-Се насмеав со тежина на душата и реков;-Рацете ви се многу убави госпоѓо. Раскажуваат за еден долг живот, љубовта,
радоста и солзите.
Овие раце допирале многу, прегрнувале луѓе, кои сте ги сакале низ животот и луѓе за кои сте се грижеле. Тие раскажуваат за историјата на еден изминат живот.
Таа сеуште срамежливо се смееше, уште малку молчеше, со поглед исполнет со сјај од солзи реши заедно да избереме друга боја на лакот, розова…
Понекогаш кога се срамиме и со несигурност гледаме во нешто наше, вистинско освежување и будење е ако другите забележат убавина”.