На 24.08.2022 во 15.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од И.А.(67) од Прилеп и патничко моторно возило „даеву“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Ќ.(66) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, се здобил мотоциклистот И.А..
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.