(ФОТO+ВИДЕО) Ја измачувале 3 дена без вода и храна: Потресно спасување од рацете на џихадистите

100069_2_ff

Од крвавите судири во околината на Мосул денес стигна и убава вест – деветгодишното девојче Ајша е спасена по 3 дена измачување без храна и вода.

Девојчето е пронајдено во селото Кафер, оддалечено 30 километри од Мосул. Камерата го забележа моментот кога преплашеното девојче ги здогледа спасувачите од специјалните единици.

2

– Јас сум многу благодарна. Мислев дека никогаш нема да дојдете. Немаме храна и вода веќе три дена. Овде сме само јас и мајка ми, а татко ми го убија терористите. Тие одзедоа многу деца од нашето село и ние не знаеме што се случува со нив. Некои се мртви. Тие  луѓе и го одзедоа накитот и сите пари на мајка ми. Фала, фала многу – изјави девојчето.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.