Поради невремето кое се очекува да го зафати прилепскиот регион во четврток, Општина Кривогаштани формира Кризен штаб, на иницијатива на локалната самоуправа и Центарот за управување со кризи во кој се вклучени сите релевантни институции, односно јавното претпријатие ТТПЕ и претставници од администрацијата на општината кои се компетентни за справување со временски непогоди како навремено и превентивно би се спречиле поголемите можни проблеми. Градоначалникот Тони Заткоски ја истакна владината иницијатива за потребата од ваква навремена координација нагласувајќи ја подготвеноста на сите инволвирани фактори и нивната предвремена координација која нема да дозволи невремето да создаде дополнителни штети или да се предизвика застој во секојдневната функционалност на општината. Се известуваат жителите на Општина Кривогаштани за евентуални прашања и проблеми да се јават кај следните одговорни лица од кризниот штаб:
– Директор на ЈПП Благојче Христоски 070241363
– Командир на ТТПЕ Зоран Дунимаглоски 070404 171
– Општина Кривогаштани Александар Маџароски 070404161