Египетски форензичар, кој сакал да остане анонимен, објави денес дека остатоците од човечките тела, од кобниот лет МS804, јасно укажуваат на тоа дека се работи за експлозија.
“Особено ги прегледав телата во мртовечницата. Па немаше ни едно цело тело”, рекол експертот, пренесува Daily Mail.
Додал дека експертите добиле околу 80 мали делови на тела, за да ги прегледаат, при што единствениот можен заклучок е дека се работи за експлозија.
Да потсетиме, пет дена откако што исчезна од рутата од Париз кон Каиро, некои делови од авионот, појаси за спасување, лични предмети на патниците и човечки остатоци се пронајдени. Но, и понатаму ги нема црните кутии, кои најдобро би докажале што всушност се случило со кобниот лет.
На почетокот грчкиот министер за одбрана Панос Каменос тврдеше дека авионот при влезот во египетскиот воздушен простор, најпрво завртел 90 степени на лево, а потоа ротирајќи се надесно направил цел круг.
Fhab Azmi, шефот на египетската контрола за летање, изјавил за АP, дека авионот нормално летал на висина од 11.000 метри, пред исчезнувањето од радарот.
А.Г.