Голем број туристи го посетуваат Рим секоја година, а многумина од нив сакаат да се фотографираат со познатата фонатана “Треви” за спомен.
Тоа сакале да го направат и овие две туристки, но на крајот се испотепале за простор за селфи. Во тепачката на крајот учествувале 8 луѓе.
Baralla a la Fontana di Trevi, Roma, per aconseguir el millor lloc per fer-se una selfie. pic.twitter.com/EK1gqWTZNz
— Humans Of Late Tourism (@LateHumans) August 10, 2018
Холаѓанката која имала 19 години и Американката со италијанско потекло (44) се степале затоа што сакале од иста позиција да направат добро селфи.
Fontana di Trevi #municipio1: rissa tra due famiglie di turisti#sicurezzaurbanahttps://t.co/kIsgefHjWI pic.twitter.com/F3Qds95LhQ
— PoliziaRomaCapitale (@PLRomaCapitale) August 9, 2018
Двете верувале дека токму од тоа место најдобро се гледа импресивната скулптура позади нив. Ниту една не сакала да се помрдне, па започнале да се туркаат и шамараат.
Набрзо се вклучиле и другите членови од семејството, а на крајот реагирала и полицијата.