На големиот верски празник Св.Никола, кој е од големо значење за фамилијата Јанчеви, оваa година по втор пат, Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци во насока на мисијата и визијата на фондацијата, како и според Програмата на Фондацијата за 2021 година, и Одлуката на Одборот на фондацијата “Никола Јанчев” Кавадарци, финансиски средства од 1.800.000 денари ќе се наменат за помош и поддршка во областа на здравството.
Финансиските средства се обезбедени од членовите на семејството Јанчеви и од семејната компанија ,,Кожувчанка,, .
Финансиските средства ќе се наменат за набавка на опрема, односно ултра звучен апарат – ЕХО, за потребите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар “Мајка Тереза” Скопје Македонија.
Фондацијата продолжува и понатаму да дејствува во насока на помагање и поддршка таму каде што е најпотребно.
Оттаму посакуваат: Среќни и весели новогодишни и божиќни празници.