Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот од следните општини: Скопје, Прилеп, Штип, Радовиш, Кавадарци. Во рамки на проектот ќе бидат поддржани 5 самохрани мајки со по 100.000 денари.
Јавен оглас за самохрани мајки
Заинтересираните самохрани мајки се поканети и охрабрени се пријават на јавниот оглас за добивање на неповратна поддршка во износ од 100.000 денари.
- Критериуми за аплицирање
- Самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот;
- Самохрани мајки со деца на возраст до 26 години;
- Државјани на Република Македонија
- Опис на поддршката
Поддршката ќе се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки. Краен рок за аплицирање е 08 мај 2017.
- Процедура и рок за аплицирање
За сите прашања или информации за потребните документи за аплицирање на повикот можете да се обратите на долунаведените соработници: Скопје – Благородна Шопова, 071 207 090, contact@foundationelenaluka.org; Прилеп – Зоран Илиески, 078 470 400, zorani@sega.org.mk Штип – Снежана Санева, 078 472 707, info@stip.gov.mk; Кавадарци – Билјана Ташева , 075 250 997, advokat_biljana@yahoo.com; Радовиш – Иванка Соколова, 070 227 917, ivanka.skolova@gmail.com;
Сите податоци вклучени во поднесените документи ќе се сметаат за доверливи.