Под мотото „Подари среќа, подари радост“, а во пресрет на Новогодишните празници, вработените во фирмите Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа започнуваат хуманитарна акција, со донирање на облека и конзервирана или спакувана (нерасиплива) храна.
Во објектите на овие фирми, кои ги има низ повеќе градови низ државата, ќе бидат поставени пакети, каде ќе се собираат донациите.
Собраните донации ќе бидат распределени и доставени онаму каде според Црвенот крст на Македонија ќе биде најпотребна.
Акцијата започнa од петокoт (26.11.2021) и ќе трае до 14.12.2021.