Финците се најсреќниот народ во светот – Македонија најлошо рангирана во регионот

И покрај пандемијата од коронавирус, Финска успеа да го задржи првото место на листата на Обединетите нации и да си задржи титулата најсреќна земја во светот.

За авторите тоа не е „никакво изненадување“ и истакнуваат дека Финска „секогаш била високопласирана врз основа на мерките за меѓусебна доверба кои помогнале да се заштитат животите и егзистенцијата во време на пандемија, пренесува порталот CDM.

На чело на финската влада е премиерката Сана Марин и таа земја е една од 23 држави опфатени со истражувањето со кои управува жена. Финците “настојуваат да ја ускладат политиката со општото чувство на благосостојба, наведуваат авторите.

Скалилото на среќата се заснова на статистички податоци од истражувањето на Галуп за тоа колку самите граѓани се чувствуваат среќно.Индексот на среќата се заснова на факторите како што се БДП по глава на жител, очекуваниот животен век на граѓаните, слободата, перцепцијата за корупција во владата и стопанските субјекти.

Како и обично на врвот на листата се земјите од европскиот север, па по Финска следуваат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург, како и Нов Зеланд надвор од Европа, а на 10. место е Австрија.

Хрватска го зазеде 60. место со оценка 5.882, а во нејзиното соседство меѓу земјите од поранешна Југославија послаби се Босна и Херцеговина на 64. место, Црна Гора на 72. и Македонија на 94. место. Далеку подобро се рангирани Словенија на 29. место и Србија на 48. место.САД на листата се на 20. место, Русија на 77, Кина на 85, а Индија на 140 место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.