Ако може да им се верува на астролозите, овие 2 знаци нема да мора да мрднат со прст, а парите ќе се залепат за нив.
Венера на почетокот на мај ќе биде во знакот Риби, а бидејќи е планета со изобилство, тоа убаво ќе се одрази на финансиската состојба на овие знаци. Еве кој ќе има најмногу среќа во мај, барем кога се парите во прашање:
БИК: Ова е месецот кога вашите напори конечно ќе се исплатат. Работевте со години, сега е време да ги соберете наградите. Ќе имате среќа и во игрите на среќа.
Ќе остварите и финансиска добивка од работата со пријателите, па не бегајте и од таа опција. Овој месец ќе ви се отворат некои неочекувани можности, но размислете добро пред да ја донесете вистинската одлука. Пари ќе има, но важно е добро да размислите.
ЛАВ: Финансиската поддршка може да дојде од постари роднини или да се работи за некои заостанати плаќања за осигурување, вредни подароци, па дури и наследство.
Слушајте ја вашата интуиција и водете се според неа кога донесувате одлуки кога се во прашање парите. Играјте безбедно и не се препуштајте на финансиски авантури. Ако правите паметни потези, ѕвездите ќе ве наградат со голема сума на пари.