Градоначалникот Марјан Ристески веднаш по пожарот во саботата вечерта излезе на терен, ги посети станарите и повредените лица во Градската болница, а денеска ги посети станарите од зградата на улица „Бидимаж“, во населбата Бончејца, по саботниот пожар, кој настанал во нивната зграда од експлозија на плинска боца.
Градоначалникот ја разгледа состојбата и разговараше со станарите за финансиска помош за санација на оштетените станови, при што комисијата за утврдување на штети при елементарни непогоди и несреќи, ќе излези на терен и ќе ја процени материјалната штетата.
ЈКП „Комуналец“ ќе направи расчистување на изгорениот материјал и ќе помогне во бојадисување на ѕидовите од ходниците.