Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките за да не мора да се оди кон нивна дополнителна рестриктивност.
Комисијата за заразни болecти на владата ќе и предложи сите економски оператори да имаат крај на работното време во 23 часот односно, еден час пред полноќ се ќе мора да биде затворено. Покрај оваа мерка, Владата ќе предложи и 50% намалување на капацитетите во јавниот превоз.
„Ако овие мерки не дадат резултат, следниот чекор ќе биде полициски час“ најави Филипче на прес конфернецијата која се уште е во тек.