Филипче ги објави резултатите синоќа во 23:59 – Еве зошто така и колку е се под контрола

Една минута по полноќ Министерството за здравство го објави дневниот биланс на новозаболени, починати и оздравени пациенти кој се однесува на недела.

Според досегашната пракса на објавување на новите податоци, Министерството истите на почетокот од епидемиjaта во Македонија ги објавуваше до 15 часот. Со зголемувањето на бројката на тестирања се пролонгираше и времето, па така подоцна дневниот биланс за Koвид-19 беше објавуван околу 17 часот, односно околу 20 часот за бројка од околу 3.000 извршени тестирања.

Статистиката која се однесува за ден недела, изминативе месеци се објавува во понеделник, но често многу порано и од 17 часот бидејќи во просек во недела се извршени околу 1.000 тестирања, што е трипати помалку од бројот на тестирања извршен во работен ден.

Токму овој факт го отвора прашањето зошто Министерството за здравство многу доцнеше во објавувањето на резултатите за недела. Одговор нема освен кусо извинување без наведување на причината за доцнењето.

-Министерството за здравство се извинува за доцнењето на извештајот за Koвид состојбата во земјава, се вели во соопштението кое доцна синоќа беше испратено.

Согласно објавениот извештај извршени биле 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-95, Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.