Фејсбук најави нова алатка за превенирање на самоубиства, вклучувајќи и нова опција со која корисниците ќе може да пријават лица кои преку статуси или преку пренос во живо се закануваат дека ќе си го одземат животот.
Тоа ќе функционира така што неговите пријатели кои ќе го забележат неговото необично однесување, ќе можат веднаш да го пријават до Фејсбук, а оттаму со итна дојава до надлежните органи да се обидат навреме да го спречат самоубиството.
Во опциите за пријава ќе стои и телефонски број за итна помош при вакви случаи.