Најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук најави дека планира да воведе нови опции при објавувањето на текстуални статуси на корисниците, што ќе вклучува и можност за избор на боја на позадината на текстот.
Први кои ќе добијат можност да ја користат оваа „шарена опција“ ќе бидат корисниците на паметните уреди со Андроид, а набрзо потоа можноста за „боење“ на позадината на текстовите на статусите ќе имаат и корисниците кои се вклучуваат на Фејсбук преку компјутери и иОС уреди.
Корисниците на Андроид кои ќе ја добијат опцијата „боење на статусот“. ќе може да изберат од понудата на бои на дното на полето за внесување на текстот.