Американското Федерално истражно биро (FBI) ги објави документите за Никола Тесла, 73 години откако американската влада запленила два камиони со негови работи.
Доверливите документи се објавени врз основа на Законот за слобода на информациите. Тие откриваат дека американската влада била заинтересирана за “смртоносниот зрак” – оружје кое Тесла наводно го измислил.
Документите на кои долго се чекаше откриваат и дека ФБИ планирале да го уапсат роднината на Тесла кој се обидувал да дојде до непроценливо вредните документи.
Во поранешниот извештај се наведува дека САД нема право на имотот на Тесла кој бил натурализиран граѓанин на САД, но дека може да ги задржат сите други материјали барем на два дена.
Исто така, меѓу објавените документи има и писмо упатено до Едгар Хувер, прв директор во ФБИ, во кое се истакнува значењето на статијата во која Тесла зборува за “смртоносниот зрак” и неговото значење во идните војувања.
Се препорачувало Тесла да биде под постојан надзор, за да биде заштитен од странски непријатели кои се заинтересирани за смртоносното оружје.
МАРКУКУЛЕ.МК