Фатен на дело: 20-годишник бил фатен при обид да изврши кpaжба во цpква

На 03.03.2022 во 14.00 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го лишиле од слобода Н.Д.(20) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во црква во изградба.

Кај него биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.