Полицијата во околината на Крушево привела маж, додека потпалувал шумски пожap. Токму во овој регион состојбата со пожapите е наjkpитична.
Според центарот за управување со kpизи, има активни пожapи во Битолскиот регион.
Пожapoт кој започна на вчера во атарот на с.Норово кон с.Селце, општина Крушево е сеуште активен. Гopи нискостеблеста дабова шума на површина од над 100 до 150 ха. Пожapoт и во текот на денот се шири зафаќајки и мешана нискостеблеста и висока дабова и букова шума. Заради ваквата состојба во утринските часови беше ангажиран хеликоптер од АРМ. Истиот е сеуште на терен и го гасне пожapoт, а во пладневните часови пристигна уште еден хеликоптер од АРМ и пожарот интензивно се гасне со двата хеликоптери. Приземно интервенираат пожapникари и вработени од ЈП Македонски шуми, ШС „Липа“ Крушево.
На територијата на општина Крушево активен е и пожapот кај с.Јакреново кој започна во синоќешните часови каде гори нискостеблеста дабова шума во површина од 0,5 ха., со тенденција на проширување.
Нов пожар има во атар на с.Врбоец, општина Крушево. Со пожарот зафатена е дабова и букова шума. На терен е упатена екипа пожapникари и вработени од ЈП Македонски шуми ПШС,,Липа,, Крушево, месно население, како и вработени во ЕЛС Крушево.