Фатен крадец од Битола кој бил во бегство

Денеска (19.07.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Г.Н.(34) од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.